1 Чујте го ова, свештеници, внимавај Израелев дому, царев дому, де послушај, зашто судот е ваш! Вие бевте примка во Миспа и оптегната мрежа во Тавор.
2 Длабока јама ископаа престапниците, но ќе ги казнам сите.
3 Јас го познавам Ефрема не ми е скриен Израел: да, Ефрем, му се предаде на блудството, се оскверни Израелу.
4 Не им даваат нивните дела да Му се вратат на Својот Бог, зашто духот на блудството е меѓу нив; тие не го познаваат Господа.
5 Гордоста на Израел сведочи против него; и Израел и Ефрем ќе паднат од своето беззаконие, и Јуда ќе падне со нив.