4 Не им даваат нивните дела да Му се вратат на Својот Бог, зашто духот на блудството е меѓу нив; тие не го познаваат Господа.
5 Гордоста на Израел сведочи против него; и Израел и Ефрем ќе паднат од своето беззаконие, и Јуда ќе падне со нив.
6 Ќе оди со овците и со говедата да Го бара Господа и нема да го најде - се оддалечи од нив!
7 Го изневерија Господа: родија копилиња, вжарен ветер ќе ги проголта нивните полиња.
8 Засвирете во рог во Гаваја, во труба во Рама, узбунете го Вет Авен: после тебе, Венијамине!
9 Ќе го запустее Ефрема до денот на казната; меѓу Израелевите племиња Јас известив за тоа.
10 Јудејските кнезови станаа како оние што ги преместуваат меѓите; врз нив ќе го излеам како вода Својот гнев.