7 Го изневерија Господа: родија копилиња, вжарен ветер ќе ги проголта нивните полиња.
8 Засвирете во рог во Гаваја, во труба во Рама, узбунете го Вет Авен: после тебе, Венијамине!
9 Ќе го запустее Ефрема до денот на казната; меѓу Израелевите племиња Јас известив за тоа.
10 Јудејските кнезови станаа како оние што ги преместуваат меѓите; врз нив ќе го излеам како вода Својот гнев.
11 Ефрем е угнетувач, тој ја гази правдата, зашто му се допадна да оди по ништожество.
12 А јас ќе му бидам на Ефрема како молец, како гнилеж на Јудината куќа.
13 Тогаш Ефрем ја виде својата болест, а Јуда својата рана; и Ефрем тргна во Асирија, Јуда му се обрати на царот Јареб; но тој нема да ве исцели, ниту ќе ви ја залечи вашата рана.