9 Ќе го запустее Ефрема до денот на казната; меѓу Израелевите племиња Јас известив за тоа.
10 Јудејските кнезови станаа како оние што ги преместуваат меѓите; врз нив ќе го излеам како вода Својот гнев.
11 Ефрем е угнетувач, тој ја гази правдата, зашто му се допадна да оди по ништожество.
12 А јас ќе му бидам на Ефрема како молец, како гнилеж на Јудината куќа.
13 Тогаш Ефрем ја виде својата болест, а Јуда својата рана; и Ефрем тргна во Асирија, Јуда му се обрати на царот Јареб; но тој нема да ве исцели, ниту ќе ви ја залечи вашата рана.
14 Зашто како лав ќе му бидам на Ефрема, како лавче на Јудиниот дом; Јас, Јас ќе раскинам и ќе си отидам, ќе однесам и никој не ќе спаси.
15 Ќе тргнам и ќе се вратам на Моето место, додека не ја признаат вината и додека не го побараат Моето лице; во својата тага тие ќе ме бараат од рано утро: