11 Само, од минатото не остана ни спомен, како што ни во иднината не ќе има сеќавање за она што ќе дојде после.
12 Јас, Проповедникот, бев цар над Израел во Ерусалим.
13 И го насочив срцето за да истражам и да доловам со мудроста сè што се збиднува под небото; о, колку тешка задача им зададе Бог на човечките синови, за да се трудат со неа.
14 Видов сè што се прави под сонцето: каква ли суета и тежина на духот!
15 Што е криво не може да се исправи; тоа што го нема, не може да се изброи.
16 Јас зборував со своето срце и реков: „Ете, придобив поголема мудрост од кој и да е од моите предходници во Ерусалим. Моето срце научи голема мудрост и знаење.”
17 Внимателно ја проучив мудроста а така и глупоста и лудоста, но сознав дека тоа е гониветер.