8 Сè е мачно. Никој не може да рече дека очите се нагледаа до насита и дека ушите се наслушале достатно.
9 Што било, пак ќе биде, и што се правело, пак ќе се прави, и нема ништо ново под сонцето.
10 Има ли нешто за што би можело да се рече: „Ете, ова е ново!” Сè суштествуваше дамно пред нас.
11 Само, од минатото не остана ни спомен, како што ни во иднината не ќе има сеќавање за она што ќе дојде после.
12 Јас, Проповедникот, бев цар над Израел во Ерусалим.
13 И го насочив срцето за да истражам и да доловам со мудроста сè што се збиднува под небото; о, колку тешка задача им зададе Бог на човечките синови, за да се трудат со неа.
14 Видов сè што се прави под сонцето: каква ли суета и тежина на духот!