Проповедник 11:3-9 MKB

3 Кога облаците ќе се наполнат со дожд, ја истуруваат на земја; ако падне дрво кон југ или кон север, сеедно: каде ќе падне таму и станува.

4 Кој внимава на ветерот, не сее и кој гледа на облаците, не жнее.

5 Како што не знаеш кој е патот на ветерот и како растат коските во утробата на трудна жена, така не ги знаеш ни делата на Бога, Кој создаде сè.

6 Наутро сеј го своето семе а навечер твојата рака нека не почива, зашто не знаеш дали ќе биде подобро ова или она, или двете ќе бидат еднакво добри.

7 Мила е светлината и пријатно е да се види со очите сонцето.

8 Но ако човекот живее и многу години, нека се весели секогаш, и нека си спомни дека ќе има многу темни денови. Суета е сè што ќе дојде.

9 Затоа радувај се младецу, за време на својата младост, и весели се во деновите на својата младост; оди по патиштата на своето срце и следи ги желбите на своите очи; но знај дека Бог ќе ти суди за сè тоа.