Проповедник 2:14-20 MKB

14 На мудрецот очите му се во главата, а безумниот скита во темнина. Но знам исто така дека двајцата ги стигнува иста коб.

15 Затоа си реков во себеси: „Каква е судбината на лудиот, таква ќе ми е и мене. Зошто тогаш да сум помудар од другите?” И реков во срцето: „И тоа е суета!”

16 Зашто ни мудриот ни безумниот немаат траен спомен: по некое време заборавот ќе ги покрие двајцата! И, мудрецот умира како и безумникот.

17 Го замразив животот, зашто ми се стори тешко сè што се збиднува под сонцето: зашто сè е суета, и тежина на духот.

18 Замразив сè за што се трудев под сонцето и што сега му го оставам на својот наследник.

19 Кој знае дали тој ќе биде мудар или луд? Па сепак тој ќе биде господар на сета моја мака во која ги вложив сето свое напрегање и мудроста под сонцето. И тоа е суета.

20 И почнав да очајувам заради големиот напор со кој се трудев под сонцето.