22 Зашто што добива човекот за својот напор и труд што ги поднесува под сонцето?
23 Зашто сите негови денови се макотрпни, работите му се полни со грижи; па ни ноќе не мирува неговото срце. И тоа е суета.
24 Нема друга среќа за човекот освен да јаде и да пие и да биде задоволен со својата работа. И тоа е, гледам, дар на Божјата рака.
25 Зашто кој може да јаде, кој може да се насладува, повеќе од мене.
26 Тој му дарува мудрост, сознавање, радост на оној што Му е по волјата, а на грешникот му дава мака да собира и да натрупува за оној кој е по Божја волја. И тоа е суета и тежина на духот.