1 Подобро е доброто име отколку скапоценото масло, и смртниот ден отколку денот на раѓањето.
2 Подобро е да се влезе во куќа каде е жалост,отколку во куќа каде е гозба, зашто онаму е крајот на секој човек, и кој е жив, нека го вложи ова во срцето.
3 Подобар е јадот отколку смеата,зашто срцето е радосно зад жалосно лице.
4 Срцето на мудрите е во куќата на жалост, а срцето на безумните во куќата на веселба.
5 Подобро е да се слуша укорот на мудриот човек, отколку да се слуша пеењето на безумните.
6 Зашто смеата на глупиот е како крцкањето на трњето под котел, и тоа е суета.
7 Угнетувањето ги прави мудрите - безумни, а поткупите го расипуваат срцето.