13 Погледај ги Божјите дела; кој може да го исправи она што Тој го искривил?
14 Уживај ја среќата во среќен ден а размислувај во лош ден: Бог го создаде едното како и другото, за да не открие човекот ништо од својата иднина.
15 Сè видов во својот суетен живот; праведниот пропаѓа и покрај својата праведност, а безбожникот живее и натаму и покрај својата безбожност.
16 Не биди преправеден и не замислувај се дека си премудар; зошто да се уништуваш?
17 Не биди прелош, и не биди безумен; зошто да умреш пред времето?
18 Добро е да се придржуваш за едното, но ни другото не го испуштај од раката, зашто кој се бои од Бога, се избавува од сè.
19 Мудроста на мудрецот му дава поголема сила на градот, отколку десет градоначалници.