19 Мудроста на мудрецот му дава поголема сила на градот, отколку десет градоначалници.
20 На земјата нема праведник, кој правејќи добро никогаш не согрешил.
21 И уште едно: не обрнувај внимание на озборувањето; можеби ќе чуеш дека твојот слуга те колнел;
22 а твоето срце знае како и ти често ги колнеше другите.
23 Сè тоа го испитав со мудроста. Мислев дека сум мудар но мудроста ми беше несфатлива.
24 Она што е, далеку е и длабоко, толку длабоко - кој може да го најде.
25 И уште еднаш се обидов да ги истражам и да ги разберам мудроста и разумот, да ја сознаам нечесноста како и глупоста, а лудоста како безумие.