Проповедник 9:12-18 MKB

12 Човекот не го знае својот час: како рибите уловени во подмолна мрежа, и како птиците фатени во примка, така се фаќаат човечките синови во времето на неволја, што ги опфаќа ненадејно.

13 Уште ја видов под сонцето и оваа „мудрост”, што ми се виде голема:

14 Беше еден мал град и малку луѓе во него, а на него удри голем цар, го опкружи и подигна околу него големи опсадни стражарници.

15 Но во него се најде мудар сиромав, кој го спаси градот со својата мудрост, а после никој не си спомнуваше за тој човек.

16 Сепак јас велам: подобра е мудроста отколку јачината, но не се цени мудроста на сиромавиот и не се слушаат неговите зборови.

17 Тивките благи зборови на мудрецот се слушаат подобро отколку викотницата на заповедникот над глупците.

18 Мудроста вреди повеќе отколку военото оружје, но еден единствен грешник расипува многу добри нешта.