Проповедник 9:2-8 MKB

2 Кобта е иста за сите: за праведниот како и за нечесниот, за чистиот и за нечистиот; за оној кој жртвува како и за оној што не жртвува; еднаква за добриот и за грешниот; за оној што се заколнува како и за оној што се бои од заклетва.

3 Најлошто од сè што се збиднува под сонцето е следното: кобта е иста за сите, човечкото срце е полно со зло, лудоста е во срцата на луѓето додека живеат, а потоа им се придружуваат на мртвите.

4 Зашто оној кој е меѓу живите, има надеж: и живиот пес повеќе вреди отколку мртов лав.

5 Живите барем знаат дека ќе умрат, а мртвите не знаат ништо, ниту имаат веќе награда, зашто се заборава и споменот за нив.

6 Одамна ги снема: нивната љубов и нивната омраза и зависта, и веќе немаат учество во нешто што станува под сонцето.

7 Затоа јади го својот леб со радост и пиј го своето вино со весело срце, зашто на Бога веќе порано Му се допадна твоето дело.

8 Носи бела облека во секое време и нека не снема масло на твојата глава.