Проповедник 9:4-10 MKB

4 Зашто оној кој е меѓу живите, има надеж: и живиот пес повеќе вреди отколку мртов лав.

5 Живите барем знаат дека ќе умрат, а мртвите не знаат ништо, ниту имаат веќе награда, зашто се заборава и споменот за нив.

6 Одамна ги снема: нивната љубов и нивната омраза и зависта, и веќе немаат учество во нешто што станува под сонцето.

7 Затоа јади го својот леб со радост и пиј го своето вино со весело срце, зашто на Бога веќе порано Му се допадна твоето дело.

8 Носи бела облека во секое време и нека не снема масло на твојата глава.

9 Уживај го животот со жената која ја љубиш во сите денови на својот суетен век што Бог ти го дава под сонцето, зашто тоа е твое учество во животот и во трудот со кој се трудиш под сонцето.

10 Што и да имаш намера да правиш, направи го додека можеш, зашто нема ни дела, ни умување, ни сознавање, ни мудрост во Подземјето во кое одиш.