2 Коринтјаните 1:10-16 MK2006D

10 Тој нѐ избави од таква страшна смрт, а и уште нѐ избавува. Во Него се надеваме дека и уште ќе нѐ избавува;

11 па со помошта и на вашата молитва за нас многу луѓе да Му благодарат на Бога за даровите што ни се дадени по­ради вас.

12 Бидејќи нашата пофалба е оваа: сведоштво на нашата совест дека со простодушност и искреност пред Бога, а не со телесна мудрост, туку со Божја благодат живееме на светот, особено, пак, меѓу вас.

13 Зашто друго не ви пишуваме, освен она што го читате и разбирате, па се на­деваме дека и до крај ќе го разберете,

14 како што веќе донекаде и разбравте дека ние сме ваша пофалба, како и вие наша, во денот на нашиот Господ Исус Христос.

15 И со таа увереност се готвев да дојдам кај вас порано, та повторно да примите благодат,

16 и преку вас да заминам за Маке­до­нија, а од Македонија пак да дојдам кај вас, та вие да ме придружите до Јудеја.