2 Коринтјаните 1:4-10 MK2006D

4 Тој нѐ утешува при секоја наша не­волја, та и ние да можеме да ги уте­ши­ме сите оние кои се во неволја со онаа утеха со која Бог нѐ утешува нас са­ми­те!

5 Зашто, како што изобилуваат Хрис­товите страдања во нас, така изобилува и утехата наша преку Христа.

6 Ако сме во неволја, – тоа е за ваша утеха и спасение; ако сме утешени, тоа е за ваша утеха и спасение. Тие станува­ат делотворни само кога ги претрпувате истите страдања што ги трпиме и ние;

7 а и надежта наша за вас е цврста, се утешуваме ли, се утешуваме за ваша утеха и спасение, знаејќи дека како што учествувавте во нашите страдања, така ќе бидете учесници и во утехата.

8 Браќа, не сакаме да ја затаиме не­волјата што нѐ снајде во Азија; дека бевме оптоварени прекумерно, дури преку нашите сили, ние не се надевавме ни живи да останеме.

9 Туку сами во себе ја примивме смртната пресуда за да не се надеваме во себе, туку на Бога, Кој ги воскреснува мртвите.

10 Тој нѐ избави од таква страшна смрт, а и уште нѐ избавува. Во Него се надеваме дека и уште ќе нѐ избавува;