4 Оружјето на нашето војување не е телесно, но со помошта Божја станува моќно за рушење тврдини; со него ние уништуваме мудрувања,
5 и секоја горделивост, што се крева против познанието за Бога, и го заробуваме секој ум за да Му биде покорен на Христа;
6 и спремни сме да казниме секаква непослушност, кога ќе се исполни вашата послушност.
7 На надворешноста ли гледате? Кој е уверен во себе дека е Христов, нека размисли веднаш во себе дека, како што е тој Христов, така сме и ние Христови.
8 Бидејќи, кога би се пофалил и малку повеќе со нашата власт, која ни ја даде Господ за вашето изградување, а не за разорување, нема да се посрамам.
9 Но никој нека не помисли дека преку посланијата ве заплашувам,
10 бидејќи во посланијата свои, ќе рече некој, тој е строг и силен, но при личното присуство меѓу нас – слаб; проповедта негова ништо не вреди.