2 Коринтјаните 10:5-11 MK2006D

5 и секоја горделивост, што се крева против познанието за Бога, и го заробуваме секој ум за да Му биде покорен на Христа;

6 и спремни сме да казниме секаква непослушност, кога ќе се исполни ва­шата послушност.

7 На надворешноста ли гледате? Кој е уверен во себе дека е Христов, нека размисли веднаш во себе дека, како што е тој Христов, така сме и ние Христови.

8 Бидејќи, кога би се пофалил и малку повеќе со нашата власт, која ни ја даде Господ за вашето изградување, а не за разорување, нема да се посрамам.

9 Но никој нека не помисли дека преку посланијата ве заплашувам,

10 бидејќи во посланијата свои, ќе рече некој, тој е строг и силен, но при лич­но­то присуство меѓу нас – слаб; проповедта негова ништо не вреди.

11 Таквиот нека знае дека, какви сме во зборовите во посланијата свои, кога отсуствуваме, такви сме и на дело кога присуствуваме.