8 Бидејќи, кога би се пофалил и малку повеќе со нашата власт, која ни ја даде Господ за вашето изградување, а не за разорување, нема да се посрамам.
9 Но никој нека не помисли дека преку посланијата ве заплашувам,
10 бидејќи во посланијата свои, ќе рече некој, тој е строг и силен, но при личното присуство меѓу нас – слаб; проповедта негова ништо не вреди.
11 Таквиот нека знае дека, какви сме во зборовите во посланијата свои, кога отсуствуваме, такви сме и на дело кога присуствуваме.
12 Зашто не смееме да се вбројуваме или да се споредуваме со некои од оние што сами се препорачуваат; тие не разбираат дека се споредуваат сами со себе и се мерат само со себе.
13 Ние, пак, не без мерка ќе се пофалиме, туку според правилото на мерката што ни е определена од Бога, за да допреме сѐ до вас.
14 Зашто ние не посегаме преку својата мера, како да не сме стигнале до вас, и до вас со Евангелието Христово ние први допревме.