11 А зошто? Затоа ли што не ве сакам? Бог знае!
12 Но, она што го правам, ќе го правам и понатаму за да не им дадам повод на оние, кои бараат повод, па да се изедначат со нас во она за кое се фалат.
13 Зашто таквите луѓе се лажни апостоли, лукави работници, кои се преправаат во Христови апостоли.
14 И не е за чудење! Па и самиот сатана се преправа во ангел на светлината;
15 па затоа и не е големо нешто ако и служителите негови се преправаат како слуги на правдата; но нивниот крај ќе им биде според делата нивни.
16 Повторно велам: никој да не ме смета за безумен; впрочем, барем како безумен примете ме, та и јас да имам со што да се пофалам.
17 А она што го зборувам, не го зборувам по Господ, туку како во безумие, во таа моја смелост во фалбата.