14 И не е за чудење! Па и самиот сатана се преправа во ангел на светлината;
15 па затоа и не е големо нешто ако и служителите негови се преправаат како слуги на правдата; но нивниот крај ќе им биде според делата нивни.
16 Повторно велам: никој да не ме смета за безумен; впрочем, барем како безумен примете ме, та и јас да имам со што да се пофалам.
17 А она што го зборувам, не го зборувам по Господ, туку како во безумие, во таа моја смелост во фалбата.
18 Бидејќи мнозина се фалат по телото, ќе се пофалам и јас.
19 Зашто и вие, кои сте мудри луѓе, љубезно ги примивте безумните;
20 зашто вие поднесувате ако некој ве поробува, ако некој ве изедува, ако некој граба, ако некој се гордее, ако некој ве удира по образ.