20 зашто вие поднесувате ако некој ве поробува, ако некој ве изедува, ако некој граба, ако некој се гордее, ако некој ве удира по образ.
21 Со срамење зборувам дека и ние сме биле слаби. Но ако некој се осмели, во безумство говорам, ќе се осмелам и јас.
22 Евреи ли се? И јас сум! Израилец ли е? И јас сум! Семе Авраамово ли се? И јас сум!
23 Служители Христови ли се? Во безумство зборувам, јас сум уште повеќе: во напори – изобилно, во затвори – изобилно, во камшикување – прекумерно, во смртна опасност – често.
24 Од Јудејците примив петпати по четириесет без еден удар;
25 трипати сум тепан со стапови, еднаш каменуван, трипати претрпев бродолом, и ноќ и ден поминав во длабоко море;
26 многупати сум патувал, сум бил во опасност од реки, во опасност од разбојници, во опасност од сонародници, во опасност од незнабошци, во опасност по градови, во опасност по пустини, во опасност по море, во опасност меѓу лажни браќа;