24 Од Јудејците примив петпати по четириесет без еден удар;
25 трипати сум тепан со стапови, еднаш каменуван, трипати претрпев бродолом, и ноќ и ден поминав во длабоко море;
26 многупати сум патувал, сум бил во опасност од реки, во опасност од разбојници, во опасност од сонародници, во опасност од незнабошци, во опасност по градови, во опасност по пустини, во опасност по море, во опасност меѓу лажни браќа;
27 во труд и мака, во често неспиење, во глад и жед, во многу постење, на студ и голотија.
28 А покрај сѐ друго, тука се уште и секојдневните напади против мене, како и грижата за сите цркви.
29 Кој изнемоштува, без да изнемоштам и јас? Кој се соблазнува, без да се распалам и јас?
30 Ако треба да се фалам, со слабоста своја ќе се пофалам.