26 многупати сум патувал, сум бил во опасност од реки, во опасност од разбојници, во опасност од сонародници, во опасност од незнабошци, во опасност по градови, во опасност по пустини, во опасност по море, во опасност меѓу лажни браќа;
27 во труд и мака, во често неспиење, во глад и жед, во многу постење, на студ и голотија.
28 А покрај сѐ друго, тука се уште и секојдневните напади против мене, како и грижата за сите цркви.
29 Кој изнемоштува, без да изнемоштам и јас? Кој се соблазнува, без да се распалам и јас?
30 Ако треба да се фалам, со слабоста своја ќе се пофалам.
31 Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој е благословен во вечни векови, знае дека не лажам.
32 Во Дамаск управителот на цар Арета го чуваше градот Дамаск со стража, сакајќи да ме фати; и јас во кош бев спуштен преку прозорец низ ѕди избегав од рацете негови.