6 Иако сум прост во говорот, во знаењето не сум. А насекаде и по сѐ сме ви добро познати.
7 Направив ли грев што, понизувајќи се себе за да ве издигнам вас, бесплатно ви Го проповедам Евангелието Божјо?
8 Други цркви оштетив, добивајќи од нив издршка, да ви служам вам, и додека бев кај вас, иако бев со скудност, никому не дотежнав,
9 зашто во немаштијата моја ми помогнаа браќата што дојдоа од Македонија. Па и во сѐ друго се пазев и ќе се пазам да не ви бидам на товар.
10 Поради вистината Христова во мене, оваа пофалба никој нема да ми ја земе во краиштата ахајски.
11 А зошто? Затоа ли што не ве сакам? Бог знае!
12 Но, она што го правам, ќе го правам и понатаму за да не им дадам повод на оние, кои бараат повод, па да се изедначат со нас во она за кое се фалат.