1 Да се фалам, нема полза, но ќе минам кон виденија и откровенија Господови.
2 Знам еден човек во Христа, кој пред четиринаесет години, со тело ли, не знам; без тело ли, не знам, Бог знае, беше грабнат и однесен до третото небо.
3 И знам дека тој човек, со тело ли, или без тело – не знам, Бог знае,
4 беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неискажливи зборови, кои човек не смее да ги каже.
5 Со таков човек ќе се пофалам; но со себе нема да се пофалам, освен со моите слабости.
6 А, пак, кога би посакал да се фалам, не би бил безумен, зашто би кажал вистина; но јас се воздржувам, да не би помислил некој за мене повеќе отколку што во мене гледа, или од мене слуша.