2 Коринтјаните 12:10-16 MK2006D

10 Затоа уживам во слабости, во нав­редување, во маки, во прогонување, во тага за Христос, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.

11 Фалејќи се станав безумен! Вие ме принудивте. Вие требаше да ме пофалите, зашто со ништо не сум по­до­лен од надапостолите, иако сум ништо.

12 Зашто знаците на апостолите се по­кажаа меѓу вас во полно трпение, во знаци, чудеса и силни дела.

13 По што останавте подолни од дру­гите цркви, освен по она што јас не ви дотежнеав? Простете ми ја таа грешка!

14 Еве, по третпат се готвам да дојдам кај вас и пак нема да паднам на ваш то­вар; зашто јас не го барам вашето, туку вас: децата не се должни да собираат богатство за родителите, туку роди­те­лите за децата.

15 А јас на драго срце сѐ ќе жртвувам и ќе се жртвувам себе за вашите души. Иако јас премногу ве љубам, вие многу помалку ме љубите.

16 Но нека биде така! Јас не ви додевав; само, бидејќи итар, ве добив на из­мама.