13 По што останавте подолни од другите цркви, освен по она што јас не ви дотежнеав? Простете ми ја таа грешка!
14 Еве, по третпат се готвам да дојдам кај вас и пак нема да паднам на ваш товар; зашто јас не го барам вашето, туку вас: децата не се должни да собираат богатство за родителите, туку родителите за децата.
15 А јас на драго срце сѐ ќе жртвувам и ќе се жртвувам себе за вашите души. Иако јас премногу ве љубам, вие многу помалку ме љубите.
16 Но нека биде така! Јас не ви додевав; само, бидејќи итар, ве добив на измама.
17 Да не сум ве искористил можеби преку оние што ги испраќав кај вас?
18 Го замолив Тит, а со него го пратив и еден од браќата. Да не ве исползува можеби Тит во нешто? Не одевме ли со ист дух? Нели по истите стапки?
19 Одамна мислите дека пред вас се одбрануваме. Ние зборуваме пред Бога, во Христос, и сето тоа, возљубени, е за ваше изградување.