3 И знам дека тој човек, со тело ли, или без тело – не знам, Бог знае,
4 беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неискажливи зборови, кои човек не смее да ги каже.
5 Со таков човек ќе се пофалам; но со себе нема да се пофалам, освен со моите слабости.
6 А, пак, кога би посакал да се фалам, не би бил безумен, зашто би кажал вистина; но јас се воздржувам, да не би помислил некој за мене повеќе отколку што во мене гледа, или од мене слуша.
7 И, за да не се превознесувам со премногу откровенија, во телото ми се даде трн, ангел сатанин, да ме боцка по лицето, да не се превознесувам.
8 Затоа трипати Го молев Господа тоа да го отстрани од мене.
9 Но Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила се покажува потполно во слабоста.“ Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите слабости за да се всели во мене силата Христова.