7 И, за да не се превознесувам со премногу откровенија, во телото ми се даде трн, ангел сатанин, да ме боцка по лицето, да не се превознесувам.
8 Затоа трипати Го молев Господа тоа да го отстрани од мене.
9 Но Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила се покажува потполно во слабоста.“ Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите слабости за да се всели во мене силата Христова.
10 Затоа уживам во слабости, во навредување, во маки, во прогонување, во тага за Христос, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.
11 Фалејќи се станав безумен! Вие ме принудивте. Вие требаше да ме пофалите, зашто со ништо не сум подолен од надапостолите, иако сум ништо.
12 Зашто знаците на апостолите се покажаа меѓу вас во полно трпение, во знаци, чудеса и силни дела.
13 По што останавте подолни од другите цркви, освен по она што јас не ви дотежнеав? Простете ми ја таа грешка!