2 Коринтјаните 13:4-10 MK2006D

4 Зашто, иако беше во немоќ распнат, Тој е жив по моќта Божја; бидејќи сме и ние слаби во Него, но ќе бидеме живи со Него, преку силата Божја меѓу вас.

5 Испитувајте се сами себе дали сте во верата! Сами проверувајте се! Или не сте свесни дека Исус Христос е во вас? Освен, само ако сте недостојни.

6 А за нас, се надеваме дека ќе раз­бе­рете дека ние не сме недостојни.

7 Му се молиме на Бога да не правите никакво зло; не да се покажеме ние ка­ко достојни, туку вие да вршите добро, па макар ние како недостојни да оста­не­ме.

8 Зашто ние сме силни не против вис­тината, туку за вистината.

9 Се радуваме кога ние слабееме, а вие јакнете. А за тоа и Му се молиме на Бога за вашето усовршување.

10 Овие работи ви ги пишувам додека сум далеку од вас; па, кога ќе дојдам кај вас, да не употребам строгост според власта која ми ја даде Господ за надградување, а не за рушење.