10 И навистина, не ни беше прославено во таа мера она што беше прославено ако се спореди со преголемата слава.
11 Зашто, ако е славно она што е минливо, тогаш многу пославно ќе биде она што е трајно.
12 Имајќи, пак, таква надеж, ние дејствуваме со голема слобода,
13 а не како Мојсеј што ставаше превез на лицето свое за да не можат синовите Израилеви да го видат крајот на минливото.
14 Но умовите нивни заслепеа, бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот завет, им стои истиот превез, зашто само Христос го симнува.
15 Па така, и до ден денес, кога се чита Мојсеј, превезот им стои на нивното срце.
16 Но, кога ќе се обратат кон Господ, превезот им се симнува.