12 Имајќи, пак, таква надеж, ние дејствуваме со голема слобода,
13 а не како Мојсеј што ставаше превез на лицето свое за да не можат синовите Израилеви да го видат крајот на минливото.
14 Но умовите нивни заслепеа, бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот завет, им стои истиот превез, зашто само Христос го симнува.
15 Па така, и до ден денес, кога се чита Мојсеј, превезот им стои на нивното срце.
16 Но, кога ќе се обратат кон Господ, превезот им се симнува.
17 А Господ е Духот; а каде што е Духот Господов, таму има слобода.
18 Ние, пак, сите со откриено лице, како во огледало гледајќи ја славата Господова, се преобразуваме во истиот лик, од слава во слава, како од Духот Господов.