3 Јасно е дека вие сте Христово писмо, составено преку нашата служба, напишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не на камени плочки, туку на човечки срца.
4 Таква сигурност во Бога имаме преку Христа,
5 но не дека сме способни да помислиме нешто како од себе; напротив, нашата способност доаѓа од Бога.
6 Тој ни дал способност да бидеме слуги на новиот завет, не на буквата, туку на Духот; зашто буквата убива, а Духот оживотворува.
7 Ако, пак, смртоносното служење со букви, врежани во камења, беше така славно, што синовите Израилеви не можеа да погледаат во лицето на Мојсеј, поради минливата слава на неговото лице,
8 тогаш колку пославно ќе биде служењето на Духот!
9 Зашто, ако служењето што донесува осудување било славно, тогаш колку повеќе ќе изобилува со слава служењето за праведноста!