2 Коринтјаните 4:1-7 MK2006D

1 Затоа, бидејќи по милоста Божја го имаме ова служење, ние со духот не паѓаме;

2 но се одрековме од прикриени срамни дела, не постапуваме со лукавство, ниту го изопачуваме словото Божјо, туку со јавувањето на вистината се препорачуваме на секоја човечка совест пред Бога.

3 Ако, пак, е и покриено нашето Евангелие, тоа е покриено за оние што пропаѓаат:

4 за оние, на кои богот од овој свет им ги заслепил нивните безверни умови, за да не ги осветли светлината на Благо­вес­ти­ето за славата на Христос, Кој е слика на невидливиот Бог.

5 Зашто ние самите себе не се про­по­ведаме, туку Христос Исус Господ; што се однесува, пак, до нас, ние сме ваши слуги поради Исус.

6 Зашто Бог, Кој некогаш заповеда од „темнината да изгрее светлина“, Тој ги озари срцата наши за да биде познанието на славата Божја во лицето на Исус Христос светло.

7 Но таа ризница ја носиме во глинени садови, та преизобилната сила да биде од Бога, а не од нас.