1 Знаеме дека, кога земното живеалиште на нашето тело, кое е како шатор, ќе се разруши, тогаш ќе имаме од Бога здание, куќа неракотворена, вечно живеалиште на небесата.
2 Зашто во него воздивнуваме, копнеејќи да се облечеме во своето небесно живеалиште;
3 само, да се најдеме облечени, а не голи.
4 Зашто ние, кои се наоѓаме во овој шатор, воздивнуваме обременети; бидејќи не сакаме да бидеме соблечени, туку да се преоблечеме, та животот да го проголта смртното.
5 А Бог, Кој нѐ создаде токму за ова, ни даде и залог на Духот.
6 И затоа, секогаш сме спокојни, иако знаеме дека, сѐ додека живееме во телото, ние сме далеку од Господ,
7 бидејќи според верата живееме, а не според гледањето.