16 Затоа ние отсега никого не познаваме по тело; иако Христос Го познавме по тело, но сега веќе не Го познаваме како таков.
17 И така, кој е во Христос, тој е ново создание; старото помина, и ете, се создаде новото.
18 А сѐ е од Бога, Кој нѐ измири со Себе преку Исус Христос и ни го даде служењето на тоа измирување.
19 Зашто Бог го измири светот со Себе преку Христос, не земајќи ги предвид престапите на луѓето, и го положи во нас словото на измирување.
20 Па така, ние сме Христови пратеници, како Бог да зборува преку нас. Ве молиме во името на Христа: помирете се со Бога!
21 Зашто Оној, Кој не знаеше грев, Бог за нас Го направи грев, та преку Него да станеме праведност Божја.