7 бидејќи според верата живееме, а не според гледањето.
8 Но не се плашиме и сакаме што поскоро да го напуштиме телото и да се прибереме кај Господ.
9 Па затоа и усрдно се грижиме да Му бидеме угодни, било кога престојуваме во телото, или кога го напуштаме;
10 зашто сите ние треба да се јавиме пред Христовиот суд. Та секој да прими што заслужил, според она што го извршил во телото свое, било добро или зло.
11 Така, знаејќи го стравот од Господ, ние ги уверуваме луѓето, а за Бога сме јавни: се надевам дека сум познат и на вашите совести.
12 Не се фалиме, пак, пред вас, туку ви даваме повод, вие да се фалите со нас, та да има, што да им речете на оние кои се фалат по лице, а не по срце.
13 Ако сме надвор од себе, тоа е заради Бога; ако сме присебни, тоа е поради вас.