2 Зашто се вели: „Во благопријатно време те услишав и во денот на спасението ти помогнав.“ Еве, сега е времето благопријатно; ете, сега е денот на спасението!
3 Никому никаков повод за соблазна не даваме за да не биде презрена нашата служба,
4 туку во сѐ се препорачуваме за служители Божји, со големо трпение, во неволји, во нужди, во тегоби,
5 во удари, во затвори, во бунтови, во напори, во бденија, во пости,
6 со чистота, со знаење, со долготрпеливост, со добрина, со Духот Свети, со нелицемерна љубов,
7 со проповедта на вистината, со сила Божја, со оружјето на правдата во десна и во лева рака,
8 со славата и срамот, при укори и пофалби; нѐ сметаат за измамници, а ние сме вистинити;