7 со проповедта на вистината, со сила Божја, со оружјето на правдата во десна и во лева рака,
8 со славата и срамот, при укори и пофалби; нѐ сметаат за измамници, а ние сме вистинити;
9 за непознати, а добро сме познати; нѐ држат како да сме на умирање, а еве – живи сме; како казнети, а неумртвени;
10 нѐ нажалуваат, а ние сме секогаш весели; нѐ сметаат за бедни, а мнозина обогатуваме; како ништо да немаме, а сѐ имаме.
11 Устата наша е отворена за вас Коринтјани, и срцето наше се раширува.
12 Вам не ви е тесно во нас, но тесно ви е во срцата ваши.
13 За исто вознаградување ви зборувам како на чеда: бидете и вие широки.