2 Коринтјаните 7:6-12 MK2006D

6 Но Бог, Кој ги утешува понизните, нѐ утеши со доаѓањето на Тит.

7 И не само со неговото доаѓање, но и со утехата, со која се беше утешил тој поради вас, известувајќи нѐ за вашиот копнеж, за вашиот плач, за вашата рев­ност кон мене, така што јас уште по­веќе се зарадував.

8 Зашто, ако сум ве и ожалостил со посланието, не ми е жал, макар и да ми беше жал, бидејќи гледам дека тоа послание ве ожалостило само за малку време;

9 сега се радувам не затоа што се ожа­лостивте, туку што се ожалостивте за покајување; бидејќи се ожалостивте по Бога, та никаква штета да не претрпите од нас.

10 Бидејќи жалоста што потекнува од Бога предизвикува неопходно покајува­ње за спасение, а световната жалост до­ведува до смрт.

11 Зашто, ете, тоа што се ожалостивте по Бога, каква усрдност предизвика во вас, какво извинување, какво огор­чу­ва­ње, каков страв, каков копнеж, каква ревност, каква горчина! Со сѐ по­ка­жав­те дека во тоа дело сте чисти.

12 Така, ако и ви напишав, тоа го на­правив не поради навредувачот, ниту поради навредениот, туку за да стане јасно вашето усрдие за нас пред Бога.