9 сега се радувам не затоа што се ожалостивте, туку што се ожалостивте за покајување; бидејќи се ожалостивте по Бога, та никаква штета да не претрпите од нас.
10 Бидејќи жалоста што потекнува од Бога предизвикува неопходно покајување за спасение, а световната жалост доведува до смрт.
11 Зашто, ете, тоа што се ожалостивте по Бога, каква усрдност предизвика во вас, какво извинување, какво огорчување, каков страв, каков копнеж, каква ревност, каква горчина! Со сѐ покажавте дека во тоа дело сте чисти.
12 Така, ако и ви напишав, тоа го направив не поради навредувачот, ниту поради навредениот, туку за да стане јасно вашето усрдие за нас пред Бога.
13 Затоа се утешивме. Во таа наша утеха уште повеќе се зарадувавме поради радоста на Тит, затоа што сите вие сте му го успокоиле духот.
14 И затоа јас не се посрамив, кога со некои работи се пофалив за вас пред него; но, како што секогаш пред вас сме ја зборувале вистината, така и пофалбата пред Тит ни излезе вистинска.
15 Голема е неговата срдечна љубов кон вас, кога ќе се сети за послушноста на сите вас, како со трепет и страв сте го примиле.