1 Браќа, ве известувам за благодатта Божја, дадена на македонските цркви,
2 дека и покрај големото испитување во маката, нивната радост беше изобилна; и покрај нивната длабока сиромаштија покажаа големо богатство во нивната дарежливост,
3 зашто, според нивните можности, па дури и преку нивните можности, јас сум сведок дека тие даваа доброволно,
4 нѐ молеа многу усрдно да го примиме нивниот дар и учеството во прислужувањето на светиите;
5 и тоа не како што се надевавме, туку тие најнапред сами себе Му се предадоа на Господ, а потоа и нам, по волјата Божја.
6 Затоа го замоливме Тит, онака како што беше почнал порано, така и меѓу вас да го заврши тоа дело на дарежливоста.
7 И како што сѐ изобилува во вас: верата и словото, знаењето и секоја усрдност и љубовта ваша кон нас, така нека изобилува во вас и таа добродетел.