11 А сега довршете го започнатото дело, та, како што имаше усрдност во вашето барање, така усрдно нека биде и неговото довршување според можностите.
12 Зашто, ако се има усрдност, таа е мила по тоа што ја има, а не по тоа што ја нема.
13 Затоа не сакам на другите да им биде лесно, а вам – тешко, туку подеднакво:
14 вашиот сегашен вишок да го дополни нивниот недостиг, та и нивниот вишок да послужи за вашиот недостиг, па да има еднаквост,
15 како што е напишано: „Кој собра многу, немал вишок; и кој малку, немал недостиг.“
16 Да Му благодариме на Бога, Кој во срцето на Тит положи толкава усрдност за вас.
17 Тој ја прифати мојата молба, и бидејќи многу ревносен, доброволно тргна кон вас.