15 како што е напишано: „Кој собра многу, немал вишок; и кој малку, немал недостиг.“
16 Да Му благодариме на Бога, Кој во срцето на Тит положи толкава усрдност за вас.
17 Тој ја прифати мојата молба, и бидејќи многу ревносен, доброволно тргна кон вас.
18 Со него го испративме братот, пофалуван по сите цркви за неговото благовестие;
19 и не само тоа, туку црквите го избраа за да нѐ придружува во тоа дело на дарежливоста, на кое му служиме за слава на Самиот Господ и за нашата добра волја,
20 пазејќи се, да не нѐ укори некој поради обилните приноси, за чие собирање се грижиме ние.
21 Зашто ние се трудиме за доброто не само пред Господ, туку и пред луѓето.