2 Коринтјаните 8:2-8 MK2006D

2 дека и покрај големото испитување во маката, нивната радост беше изобилна; и покрај нивната длабока сиромаш­тија покажаа големо богатство во нивната дарежливост,

3 зашто, според нивните можности, па дури и преку нивните можности, јас сум сведок дека тие даваа доброволно,

4 нѐ молеа многу усрдно да го примиме нивниот дар и учеството во прислу­жувањето на светиите;

5 и тоа не како што се надевавме, туку тие најнапред сами себе Му се предадоа на Господ, а потоа и нам, по волјата Божја.

6 Затоа го замоливме Тит, онака како што беше почнал порано, така и меѓу вас да го заврши тоа дело на дареж­ли­воста.

7 И како што сѐ изобилува во вас: ве­ра­та и словото, знаењето и секоја усрдност и љубовта ваша кон нас, така нека изобилува во вас и таа добродетел.

8 Ова ви го велам не како заповед, ту­ку преку усрдност на другите да ја ис­питаме искреноста и на вашата љубов.