20 пазејќи се, да не нѐ укори некој поради обилните приноси, за чие собирање се грижиме ние.
21 Зашто ние се трудиме за доброто не само пред Господ, туку и пред луѓето.
22 Со нив го испративме и нашиот брат, чија ревност многупати сме ја испробале во многу работи, и кој сега е уште поревносен поради големата увереност во вас.
23 Што се однесува до Тит, тој е мој другар и соработник меѓу вас; а по однос на нашите браќа, тие се пратеници на црквите, Христова слава.
24 И затоа покажете им пред црквите доказ на вашата љубов и на справедливоста на нашите пофалби за вас.