4 нѐ молеа многу усрдно да го примиме нивниот дар и учеството во прислужувањето на светиите;
5 и тоа не како што се надевавме, туку тие најнапред сами себе Му се предадоа на Господ, а потоа и нам, по волјата Божја.
6 Затоа го замоливме Тит, онака како што беше почнал порано, така и меѓу вас да го заврши тоа дело на дарежливоста.
7 И како што сѐ изобилува во вас: верата и словото, знаењето и секоја усрдност и љубовта ваша кон нас, така нека изобилува во вас и таа добродетел.
8 Ова ви го велам не како заповед, туку преку усрдност на другите да ја испитаме искреноста и на вашата љубов.
9 Бидејќи вие ја знаете дарежливоста на нашиот Господ Исус Христос, дека Тој, иако богат, осиромаши заради вас, да се збогатите и вие преку Неговата сиромаштија.
10 А со ова ви давам само совет, зашто тоа е полезно за вас, кои почнавте уште од минатата година, не само да го правите, туку и да сакате да го правите.