2 Коринтјаните 8:8-14 MK2006D

8 Ова ви го велам не како заповед, ту­ку преку усрдност на другите да ја ис­питаме искреноста и на вашата љубов.

9 Бидејќи вие ја знаете дарежливоста на нашиот Господ Исус Христос, дека Тој, иако богат, осиромаши заради вас, да се збогатите и вие преку Неговата сиромаштија.

10 А со ова ви давам само совет, зашто тоа е полезно за вас, кои почнавте уште од минатата година, не само да го пра­вите, туку и да сакате да го правите.

11 А сега довршете го започнатото де­ло, та, како што имаше усрдност во ва­шето барање, така усрдно нека биде и неговото довршување според можностите.

12 Зашто, ако се има усрдност, таа е мила по тоа што ја има, а не по тоа што ја нема.

13 Затоа не сакам на другите да им би­де лесно, а вам – тешко, туку подеднакво:

14 вашиот сегашен вишок да го дополни нивниот недостиг, та и нивниот ви­шок да послужи за вашиот недостиг, па да има еднаквост,